Поплавениот терен е причина што привремено беше одложен мечот Венецуела – Аргентина од јужноамериканските квалификации за СП 2026.
Во почетниот состав на светските шампиони е Лионел Меси како предводник на нападот заедно со Хулијан Алварес. Немаше регуларни услови за игра на стадионот во Матурин во 23 часот кога требаше да почне мечот, но…
Сепак, тоа е Јужна Америка, треба да биде огромна катастрофа за еден меч да не се игра, па јасно беше дека сепак ќе мора да се игра вечерва, иако гостите се жалат на условите.