Меси од Суарес направи трет најдобар стрелец во историјата на Барселона (видео)

Во победата на Барселона од 4-1 на гостувањето кај Вилјареал, Луис Суарес го постигна 194-тиот погодок во дресот на Каталонците, со кој стана трет најдобар стрелец во клупската историја. Уругваецот се израмни на вечната листа со легендата Лазло Кубула, кој играше за Барса од 1951 до 1961 година.

До погодокот за историја, Суарес стигна по асистенција на Лионел Меси, а воедно ѝ донесе ново водство на екипата во ситуација кога Вилјареал играше егал против гостите од „Камп ноу“.

Инаку, Суарес до крајот на сезоната ќе има прилика да биде втор најдобар стрелец на Барселона бидејќи Сесар Родригес е пред него со еден гол повеќе, односно има 195 погодоци.

https://www.youtube.com/watch?v=v7I1bo1AADg

- Оглас -

Најнови вести