Со расположеното трио Меси – Суарес – Гриезман, Барса не се предава во шампионската трка (видео)

Барселона со убедливи 4-1 се враќа од гостувањето во Вилјареал за оживување на надежите во шампионската трка во Ла Лига со Реал Мадрид. Напаѓачкото трио Меси – Суарес – Гриезман функционираше перфектно, капитенот им намести по еден гол на Уругваецот и Французинот, а младиот Фати го потврди потопот на Жолтата подморница.

Мечот тргна офнзивно на двете страни, Торес си постигна автогол во третата минута, а само по 10 минути, Морено израмни на 1-1. Потоа следуваше нов налет на Каталонците, Суарес заби за ново водство по асистенција на Меси, а пред паузата, Гриезман изведе ремек-дело исто така по додавање на Аргентинецот.

https://twitter.com/nostalgiadpor/status/1279873278580944896

Меси успеа да ја затресе мрежата на домаќините, меѓутоа голот се поништи поради офсајд, но сепак Барса на крајот дојде и до четврти гол преку младиот Фати за конечни 4-1.

Барселона повторно е на -4 бода во однос на лидерот Реал Мадрид, додека Вилјареал останува на петтото место со 54 бода.

https://twitter.com/TwitSporHaber/status/1279894706265247745

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести