Меси одлучи да го прекине молкот, Барса се подготвува за најцрното сценарио

Лионел Меси наскоро ќе го прекине молкот и ќе даде објаснување околу својата одлука да ја напушти Барселона, известува goal.com. Не е познато кога точно Меси ќе се обрати на јавноста, но може да се очекува тоа да се случи во наредните денови за конечно да стави крај на сагата.

Во меѓувреме, Барселона почна да се подготвува за најцрното сценарио, а тоа е заминување на Меси. Како прва алтернатива за замена на капитенот го одредија Садио Мане, ѕвездата на Ливерпул. Каталонците веруваат дека сума од 120 милиони евра е доволна да се почнат преговори со англискиот првак Ливерпул околу услугите на одличниот Сенегалец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести