21.8 C
Skopje
среда, 17 септември 2025

Меси погоди и асистираше, Интер Мајами им се врати на победите (Видео)

Интер Мајами им се врати на победите откако триумфира над Сиетл саундерс со 3-1 пред своите гледачи. Најзаслужна за победата е „каталонската“ врска Меси – Алба, која функционираше беспрекорно.

Во 12-тата минута Меси асистира, Алба погоди за водство од 1-0 на Интер Мајами, а во 41-вата минута обратна ситуација. Жорди Алба проигрува, а Лионел Меси погодува за 2-0.

Јан Фреј во 52-рата минута зголеми на 3-0, а Обед Варгас во 69-тата минута ги постави конечните 3-1 откако го постигна почесниот погодок за Сиетл.

- Оглас -

Најнови вести