Меси покажа кој број ќе го носи во ПСЖ, не е 10, ниту 19 (Фото)

Лионел Меси ќе го носи дресот со бројо 30 во Пари Сен Жермен. Тоа е дресот кој Меси го носеше на почетокот на кариерата во Барселона. Подоцна, Аргентинецот во Барселона ја доби десетката и таа беше негов заштитен знак.

Во ПСЖ, дресот со бројот 10 е резервиран за Нејмар, кој беше соиграч со Меси и во Барселона. Меси вечерва направи прошетка по тревникот на стадионот „Паркот на принцовите“ кој ќе биде негов нов фудбалски дом.

https://twitter.com/i/status/1425182852820443141

- Оглас -

Најнови вести