Меси после хет-трикот: „Без оглед на годините, се чувствувам како дете“

Лионел Меси имаше фантастична ноќ со Аргентина и на мечот против Боливија (6-0) успеа да постигне три гола, но и да забележи и две асистенции.

„Уживам, многу сум среќен. Без оглед на годините, се чувствувам како дете. Многу сум среќен во оваа екипа. Ќе продолжам да уживам се додека се чувствувам добро и додека давам вакви партии.“ – рече Меси после мечот со Боливија.

Аргентинецот даде одговор и кога планира да се пензионира.

„Немам одредено датум, само сакам да уживам. Играњето на Аргентина ме крева повеќе отколку било кога. Ја чувствувам љубовта на народот. Уживам, иако знам дека секој меч може да биде последен.“ – додава аргентинецот.

- Оглас -

Најнови вести