Интер Мајами го загуби вториот меч од плеј-офот на МЛС лигата против Нешвил со 2-1 и ќе мора да игра мајсторка пред својата публика за пласман во четвртфиналето.
Домашните уште по првите 45 минути имаа предност од 2-0, а единствениот гол за Интер Мајами беше дело на Лионел во 90-тата минута. Аргентинецот одлично проби по десната страна, се намести и неодбранливо биеше во мрежата од голот на Нешвил.
„Мајсторката“ за пласман во четвртфиналето ќе се одигра следниот викенд.

