Меси првпат во животот исвиркан од домашна публика, а Нејмар даде гол и пак доби свирежи (Видео)

Навивачите на Пари Сен Жермен жестоко негодуваат и бараат оставки од целото раководство на клубот, а според свирежите и скандирањата, се изјаснија и за бркање на Меси и Нејмар од ПСЖ.

Меси кој сам има освоено повеќе трофеи од клубот ПСЖ, летоска беше донесен како супер засилување, но тешко се снаоѓа во новата средина, а попладнево дочека и да биде исвиркан од своите навивачи.

Од свирежи и навреди куртули само Мбапе, а тој и денеска против Бордо даде гол, оној првиот во победата од 3-0.

Нејмар и во минатото беше мета на фановите, но сега тие се убедени дека Бразилецот треба да биде продаден. Нејмар како и Меси, беа исвиркани при секој контакт со топката, а дури и откако даде гол за 2-0, наместо аплауз, Нејмар доби свирежи. Неверојатно!

- Оглас -

Најнови вести