Се чини дека сите други повеќе веруваат дека 38-годишниот Лионел Меси ќе игра за репрезентацијата на Аргентина на претстојното Светско првенство во 2026 година отколку тој самиот.
Никој не може да ја замисли Аргентина на СП догодина без Меси, но тој е претпазлив и верува дека ќе биде во потребната физичка форма за да го даде посакуваниот придонес.
„Искрено, би било неверојатно ако учествувам на Светското првенство. Би сакал да бидам во форма и да играм важна улога во националниот тим. Кога ќе започне претсезоната со Интер Мајами, ќе ја проценам ситуацијата и ќе видам дали можам да играм 100% подготвен, дали можам да бидам корисен за тимот, а потоа ќе донесам одлука. Го освоивме последниот Мундијал и би било одлично да ја одбраниме титулата. Играњето за репрезентацијата, особено на големо натпреварување е сон“, иззјави Меси.
Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, а почнува на 11 јуни. Аргентина е светски првак и ќе го брани трофејот, а Меси за време на СП ќе наполни 39 години.

