Меси се враќа кај Аргентина која има важно гостување, Бразил веќе нема право на грешка

Мечевите од деветото коло во јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство во 2026 година ќе бидат најинтересни на „ноќното мени“.  Актуелниот светски првак Аргентина гостува кај Венецуела, а добра вест за Гаучосите е тоа што во составот се враќа капитенот Лионел Меси.

„Меси е добро. одигра неколку натпревари за својот клуб. Тренира со тимот и ќе биде на теренот за дуелот против Венецуела које незгоден ривал. Неизвесно е дали за настап ќе биде подготвен Мекалистер“, рече селекторот на Аргентина, Лионел Скалони.

Освен овој меч, вечерва ќе се одиграат уште три дуели. Бразил ќе гостува кај Чиле, а петкратниот светски првак е во незавидна ситуација. По осум одиграни мечеви, Бразил е дури на петото место и има четири порази во последните пет квалификациски дуели.

Ако продолжи во овој лош ритам, на Бразил му се заканува дебакл и опасност прв пат во историјата да не обезбеди место на завршница на Светско првенство. Кариоките се единствената селекција во историјата на фудбалот која била дел од сите досегашни Миндијали.

 

 

- Оглас -

Најнови вести