Околу 25.000 навивачи се собраа на трибините на стадионот, „Мартинос Валеро“ во Елче, Шпанија, за да го проследат тренингот на репрезентацијата на Аргентина предводен од Лионел Меси.
Аргентина го има приматот на актуелен светски првак, а се подготвува за утрешното гостување во Ангола, каде што ќе игра ревијален натпревар против домашната селекција. Ангола прославува 50 години од независноста, а гостувањето на Аргентина со Меси е круна на прославата.
🙌🏟️ ¡¡Locura en Elche con Argentina, todos quieren ver a Leo de cerca!! 🇦🇷 25.000 personas abarrotando las gradas en el entrenamiento 😮
📱 Allí está nuestro @epofutebol pic.twitter.com/KzyQb0TsA3
— MARCA (@marca) November 13, 2025
Пред патувањето во Ангола, Гаучосите тренираа во Елче, а стадионот кој има капацитет од 31.000 гледачи беше речиси исполнет за тренингот на Меси и другарите.
Легендарниот Меси доби овации од гледачите. Шпанската фудбалска публика имаше можност во најубавите фудбалски денови да го гледа Меси, кој светска слава стекна настапувајќи во дресот на Барселона.

