Меси со Барса играл против 85 различни клуба, а само против еден нема ниедна победа

Лионел Меси против Олимпик Лион имаше двојна причина за славје. Покрај двата гола и двете асистенции за поминување на Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампиони, тој се израмни со легендарниот Чави Ернандес, како играчи со најмногу победи во историјата на Барселона.

Сега, Чави и Меси имаат по 476 победи со каталонскиот гигант, а единствена разлика е тоа што Меси многу побрзо стигна до оваа бројка. Аргентинецот одигра вкупно 673 средби, додека на Чави му беа потребни 767 меча за овој рекорд. Тоа значи дека Лео е подобар за цели 104 натпревари.

Интересно е што Меси во 15-годишната кариера во Барселона, одиграл против 85 различни противници, а има победи против 84 од нив. Само една екипа никогаш ја нема победено. Тоа е УДА Граменет. Тоа беше меч од второто коло на Купот на Шпанија, а УДА Граменет беше второлигаш. Меси беше стартер, а УДА Граменет победи со 1:0. Потоа Меси немаше шанса никогаш да се реваншира на клубот кој сега игра во втората каталонска лига.

Тимот кој најмногу Меси го има победувано е Севилја – дури 28 пати. Барселона утре гостува токму во Севилја, но кај Бетис и е апсолутен фаворит за победа.

 

- Оглас -

Најнови вести