Меси со еден од најдобрите потези во кариерата (Видео)

Дербито меѓу Атлетико Мадрид и Барселона во шпанската Примера дивисион заврши без победник (1:1), а дуелот го одбележа потегот кој го направи Лионел Меси. Капитенот на Барселона е познат по многу виртуозни потези, но тоа што успеа да му го направи на Филипе Луис, дефинитивно е еден од најдобрите негови потези во кариерата.

Дефанзивецот на Атлетико веднаш му честиташе на Меси за финтата.

https://youtu.be/RaXQdYiRBlM

 

- Оглас -

Најнови вести