Барселона има предност од 3:1 против Наполи на полувремето, а најзаслужен за тоа е Лионел Меси. Аргентинецот игра одлично, а даде и еден гол. Капитенот на Барселона даде еврогол откако петмина противнички играчи не успеаа да го сопрат и ја затресе мрежата на Наполи.
Со овој погодок Меси го подобри својот, но и рекордот во Лигата на шампиони. Наполи е 35-тиот различен клуб на кој Лео му има дадено гол во елитното натпреварување на УЕФА. Зад Меси на оваа листа е Кристијано Роналдо кој во ЛШ има дадено погодоци на 33 различни противници.