Лудост или грешка? Навивачите на Шкендија ќе бидат во „сендвич“ меѓу фановите на Силекс (Фото)

Изминатиов викенд Вардар и официјално го обезбеди шампионскиот трофеј во првенството на Македонија, а сега остакува енигма кој ќе биде победник на Купот. Одговор на тоа прашање ќе се добие в среда кога на арената „Тодор Проески“, во финалето ќе играат Силекс и Шкендија.

Од Фудбалската федерација на Македонија денеска објавија дека во продажба се пуштени билетите за ова финале.

За навивачите на двата финалисти се обезбедени по два блока на Северната трибина, но од тоа што е како информација на ФФМ сајтот, може да се забележи дека има една нелогичност. Во објавата стои дека навивачите на Шкендија ќе може да купуваат билети за Блок 13 и Блок 24, додека за фановите на Силекс се резервирани Блок 19 и Блок 23.

Ако се види распоредот на Арената, Блок 24 кој треба да е резервиран за симпатизерите на Шкендија се наоѓа меѓу двата блока кои се резервирани за фановите на Силекс. Тоа би значело дека навивачите на Шкендија би биле во „сендвич“ меѓу двата Блока 19 и 23.

Сигурно многу подобро би било фановите на двата клуба да бидат малку повеќе одалечени едни од други, најмногу поради безбедноста. На толку голема трибина како што е Северна, сигурно може да се најде некој друг блок а да не е тоа 24 за фановите на Шкендија да не бидат во средина меѓу двата блока наменети за симпатизерите на Силекс.

Интересно е дека неутралните гледачи ќе може да купат билети за Блок 18, кој се наоѓа веднаш под блок 24 и од страна на блоковите 19 и 23, кои се планирани за фановите на двата финалисти.

Најдобро за тоа како би изгледано на трибината тоа, може да видите на мапата која е постирана на ФФМ сајтот.

Наша забелешка:

Со црвена боја се обележани блоковите кои се назначени за навивачите на Шкендија

Со сина боја се обележани блоковите кои се назначени за навивачите на Силекс.

ОБНОВЕНО: По објавување на текстот на нашиот сајт, од ФФМ веднаш реагираа и потврдија дека се работи за грешка, па корегираа:  за навивачите на Шкендија ќе бидат резервирани блоковите 13 и 14, а не како што претходно стоеше 13 и 24.

- Оглас -

Најнови вести