Меси со прва реакција откако се дозна дека нема да игра против двата најголеми ривала на Аргентина

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси, нема да игра за националниот тим во следните два меча од квалификациите за пласман на Светско првенство во 2026 година. Аргентина има два големи предизвика, против најголемите ривали Бразил и Уругвај.

„Многу ми е жал бидејќи ќе мора да ги пропуштам овие два битни дуела против Уругвај и Бразил. Навистина сакав да играм, но поради ситна повреда нема да патувам за Аргентина и нема да бидам дел од тимот. Ќе ги бодрам соиграчите од друго место. Ќе бидам како секој друг навивач на Аргентина. Напред Аргентина!“, напиша Меси на социјалните мрежи.

Меси се пожали на повреда на адукторниот мускул на бутот. Од почетокот на новата сезона во МЛС, аргентинскиот виртуоз одигра пет меча во сите натпреварувања, во кои постигна четири гола, а имаше и две асистенции.

Аргентина на 22 март ќе гостува кај Уругвај, а четири дена подоцна е домаќин на Бразил. По 12 одиграни меча, Аргентина е лидер на табелата со 25 бода, пред Уругвај со 20, додека Бразил е дури на петтото место со 18 освоени бода. Гаучостите речиси сигурно ќе обезбедат место на Мундијалот кој ќе се игра следната година и ќе го бранат тронот освоен во Катар во 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести