Меси, Суарес и Гриезман ги изненадија сите во Барселона

Барселона в сабота на „Камп ноу“ ќе игра против Мајорка, во меч од 15-тото коло на Примера дивисион. Каталонскиот гигант секогаш е фаворит на свој терен, посебно против екипа која сезонава ќе се бори за опстанок. Се очекува тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, да започне со трите најголеми ѕвезди во нападот, Лионел Меси, Луис Суарес и Антоан Гриезман.

Интересно е што тројцата голгетери вчера ги изненадиле сите во клубот. Главните ѕвезди добиле слободен ден и дозвола да не се појават на тренингот. Во Барселона имало големо невреме, па било решено дека напаѓачите може и да го прескокнат тренингот. Сепак, сите во клубот се изненадиле кога ги виделе сите тројца фудбалери подготвени за тренингот на којшто не морало да присуствуваат.

Со овој потег Меси, Суарес и Гриезман само потврдиле дека сакаат да бидат во врвна форма пред еден од најважните мечеви во сезоната, а тоа е Ел Класико против Реал Мадрид, кое треба да се игра на 18 декември.

 

- Оглас -

Најнови вести