Интер Мајами креативно го најави натпреварот против Чикаго фајр на кој екипата чиј член е Лионел Меси, ќе игра со својот трети дрес, кој е во тиркизна боја, инспириран од „Мајами од 1980-тите“.
Меси е повреден и нема да игра, но пред мечот ќе му биде приредена церемонија по повод рекордниот 45-ти трофеј во кариерата, освоен на Копа Америка.
Во една од објавите посветени на претстојниот натпревар, Интер Мајами ги претстави играчите на тимот во стилот на 80-тите. Во оваа фантазија, лидерот на тимот Меси е претставен како човек со мустаќи и со бујна коса.