Меси влезе во историјата, Барселона во победнички ритам каков што немаше досега со Куман на чело

Барселона без многу проблеми, со убедливи 4:0 славеше на гостувањето кај Гранада во меч од 18. коло во шпанската Примера дивисион. Каталонскиот гигант уште во првото полувреме ги реши сите дилеми околу победникот, кога на семафорот стоеше дека е 3:0 за гостите.

Лионел Меси даде два одлични гола, а првиот погодок на средбата беше дело на Гризман. Сите три погодоци во првиот дел може да ги видите ТУКА.

Во второто полувреме, Гризман уште еднаш ја затресе мрежата на домаќините за уште поубедливи 4:0. За Барселона ова е трета победа во низа во првенството, нешто што прв пат се случува под водство на тренерот Роналд Куман.

Меси со двата гола вечерва, успеа да постави уште еден рекорд во шпанскиот фудбал. Аргентинскиот виртуоз сега има 11 погодоци сезонава и стана првиот фудбалер во историјата на Примера дивисион кој успеал во 15 сезони по ред да има двоцифрен број на голови. Едноставно Меси речиси секој нареден меч поставува нов стандарди во шпанскиот фудбал.

 

 

- Оглас -

Најнови вести