Меси во националниот дрес на Аргентина првпат по смртта на Марадона, на посебен начин се прости од својот идол (фото)

Лионел Меси и Аргентина ноќеска ремизираа при конечни 1-1 против Чиле во квалификацискиот меч за СП 2022, во кој стрелец за Гаучосите беше токму капитенот со реализација од белата точка во 23-тата минута.

Ова беше прв натпревар за фудбалската селекција на Аргентина по смртта на Диего Марадона, идолот на многу генерации и национален херој во оваа земја. Поради тоа, Меси и дружината на посебен начин уште еднаш му оддадоа почит на Диего.

Пред почетокот на мечот, на дресовите на Аргентинците стоеше фотографија од Марадона, а над неа годината на раѓање 1960, но без година на смртта, туку со знак за бесконечност.

- Оглас -

Најнови вести