За Меси ова е пенал-ситуација, но Браво интервенираше маестрално (видео)

Со головите на Меси од пенал во 23-тата и Санчес во 36-тата минута, селекциите на Аргентина и Чиле ги поделија бодовите во квалификацискиот меч од седмото коло за Светското првенство 2022 кој се одигра во Сантијаго.

Мегаѕвездата на Барселона беше најактивна на теренот и најмногу се закануваше по голот на ветеранот Браво, кој му ги откажа сите обиди за прослава на гол освен ударот од белата точка.

Во финишот од првото полувреме, Меси се најде во за него пенал-ситуација при слободен удар од околу 18 метри, изведе перфектен удар, но чилеанскиот голман со уште подобра парада фантастично интервенираше.

https://streamable.com/4ft6dc

- Оглас -

Најнови вести