Славниот Лионел Меси преку социјалните мрежи реагираше на одлуката на неговиот поранешен соиграч Андрес Иниеста да се пензионира и да стави крај на играчката кариера.
„Еден од најволшебните соиграчи и еден од оние со кои најмногу уживав да играм. Андрес, ќе ѝ недостигаш на топката, а и на сите нам исто така! Ти посакувам сè најдобро феномену“, напиша Меси.
Иниеста кариерата ја заврши како светски шампион (го даде победничкиот гол во финалето на СП 2010), двократен европски првак со шпанската репрезентација, деветкратен шампион на Шпанија, шесткратен освојувач на Купот на Шпанија и четирикратен освојувач на Лигата на шампионите со Барселона.