Коронавирусот е светска вест број еден годинава, во моментов од овој вирус се заболени над 80.000 луѓе, најмногу во Кина, но ги има доста и во Италија. Во Италија се преземаат драстични мерки, вирусот влијае и на одржување на спортски настани, а тренерот на евролигашот Армани Милано, Еторе Месина, смета дека сето ова е претерано.
Манекените вечерва му гостуваат на Жалгирис во Литванија, во меч кој ќе се игра во стандардни услови, со многу публика.
„Ако работите не одат така како што сме замислиле, ќе почнеме да кашламе. Можеби тоа ќе го исплаши противникот. Мислам дека се претерува во мојата земја. Ситуацијата е сериозна, но под контрола е. Мислам дека е нормално да играме“, изјави Месина.