Металург со нов лик и со пет засилувања ги почна подготовките (Фото)

Металург почна со подготовките за новата сезона, а во салата во Автокоманда за првпат се тренираше во комплетен состав со петте засилувања ангажирани во летниот преоден рок.

Тренерот Зоран Кастратовиќ, покрај стандардните ракометари, на располагање ги имаше и Златко Хорват, Момир Рниќ, Никола Потиќ, Марко Тарабокија и Бранко Канкараш, квинтет од кој се очекува многу во клубот.

Тимот е комплетен и ќе се тренира во Скопје до 12 август, кога следува преселба во Струга и настап на традиционалниот летен турнир.

Металург ќе настапи во Европската лига на ЕХФ, а стартот е закажан за септември во првото коло од квалификациите. Потоа поранешниот македонски првак го очекува настап во домашното првенство во групата Б, а амбициите се и пласман во плејофот и битка за титулата.

ФОТО: РК Металург

 

- Оглас -

Најнови вести