Металург десеткуван со само 11 ракометари во обид да избегне пораз во Русија

Металург со многу проблеми и со само 11 ракометари замина за Русија, каде денеска од 18 часот ќе игра против Чеховски Медведи во Европската лига на ЕХФ.

Металурзите имаат доста повредени и отсустни играчи, па се големи аутсајдери на четвртиот меч во премиерното издание на новото натпреварување.

Досега имаат два порази и едно реми, па рускиот тим е голем фаворит за победа. Чеховски Медведи е со биланс од една победа и еден пораз во А групата во првата фаза по групи во Европа Лигата.

Двете екипи досега имаат одиграно 8 меча, сите во Лигата на шамлионите, а билансот е 5-3 за руската екипа.

 

- Оглас -

Најнови вести