27.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Металург си реди порази во Европската лига на ЕХФ

Металург го претрпе шестиот пораз во групната фаза од Европската лига на ЕХФ, овојпат на домашен терен од Чеховски Медведи со конечни 32:37.

За тимот од Автокоманда ова е четврти последователен неуспешен дуел во кој не освои бодови, па остана осамен на последното место во групата А со само еден бод по седум одиграни натпревари.

Гостите ја одржаа предноста од четири гола остварена во првото полувреме, па на рутински начин контролираа до крајот на средбата во СЦ „Борис Трајковски“.

Тарабочија со девет гола беше најефикасен на мечот, меѓутоа неговиот учинок не беше доволен за Металург, како и седумте погодоци на Митиќ. Осташченко на другата страна го предводеше тимот на Медведи со шест гола, иако заработи црвен картон уште во првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести