Метла за Бруклин, Филаделфија е прв полуфиналист на Истокот (Видео)

Кошаркарите на Филаделфија се пласираа во втората рунда од плеј-офот на Истокот, откако и по четврти пат по ред го победија Бруклин. 76-ките играа без својот најдобар кошаркар, Џоел Ембид. Сепак, тоа не ги спречи во неизвесен натпревар повторно да го совладаат Бруклин со 88-96.

Домашните подобро го отворија натпреваро и имаат предност од 7 поени после првата четвртина, додека на полувремето таа предност се зголеми за еден поен, на +8.

Во третиот период Филаделфија направи пресврт откако беа подобри со 26-15 и со +3 влегоја во пресрет на последната четвртина. Таа предност се зголеми и на двоцифрена разлика на три минути пред крајот и тука беше јасно дека Филаделфија ќе биде првата екипа во полуфиналето на Истокот.

Херис со 25 поени беше најпрецизен во победничката екипа, додека кај Бруклин најпрецизен беше Динвиди со 20 поени.

- Оглас -

Најнови вести