Некогашниот германски репрезентативец Михаел Балак е во врска со 21-годишната маникенка Софи Шнајдерхан. Оваа убава девојка била пријателка со синот на Михаел, Емилијано кој загина минатото лето додека беше на одмор во Португалија.
Во месеците по несреќата, Балак и Шнајдерхан станале блиски пријатели, а потоа тоа пријателство поминало во емотивна врска. Овој љубовен пар веќе не се крие ниту од јавноста и биле забележани како разменуваат нежности во Берлин.
Младата манекенка прв пат ја забележале на Октоберфест во Минхен кога имала само 13 години. Потоа била ангажирана и работи на рекламирање на многу познати модели. Иако Михаел има 45 години, а таа само 21 година, очигледно дека разликата во години не им претставува пречка да бидат заедно.