Собранието на Кантонот Сараево денеска и официјално донесе одлука една од улиците да го носи името на легендарниот Формула 1 возач, Михаел Шумахер.
Возачот кој во кариерата освои рекордни седум титули светски Ф1 шампион веќе од претходно го има признанието за почесен граѓанин на Сараево поради неговото залагање и хумана дејност за овој град.
Шумахер првпат го има посетено Сараево во 1996 година, а потоа бил таму и следната година во декември, како дел од организацијата на УНИЦЕФ и организацијата Надеж посетувајќи ги децата ранети за време на војната во болницата Кошево. Целта на тогашната посета била да се соберат средства за специјализирана болница за децата во Сараево кои биле жртви на бомбардирањето и жртви на мините.
Во 2013 година Шумахер доживеа тешка несреќа додека беше на скијање на француските Алпи и до ден денес не се знае точно каква е неговата состојба.