Денеска легендарниот германски Формула 1 возач, Михаел Шумахер, полни 57 години.
Седумкратниот шампион во Формула 1 засекогаш го врежа своето име во историјата на мотоспортот. Шумахер ги освои своите први две титули со Бенетон (1994 и 1995 година), а потоа стана симбол на ерата на доминација на Ферари во раните 2000-ти. Со Скудерија, Шуми освои пет последователни шампионски титули (2000–2004), поставувајќи голем број рекорди кои со години се сметаа за недостижни.
Но, еден од најголемите во историјата се здоби со тешка повреда на главата во декември 2013 година додека скијаше, па Шумахер веќе не е истиот, семејството строго ја штити неговата приватност, само неколку луѓе имаат пристап до него и знаат како изгледа. Не се откриваат детали за здравјето на легендарниот Германец, поради желбата да се зачуваат достоинството и мирот на големиот шампион.
Честитки за роденденот на Шумахер дојдоа од Ф1 тимовите Ферари и Мерцедес, како од самата Формула 1.

