Михајловиќ ќе ја води Болоња во мечот против Верона

Болоња потврди дека Синиша Михајловиќ ќе биде на клупата во мечот против Верона во рамки од првото коло во Серија А. Српскиот стратег пред месец и пол откри дека боледува од акутна леукемија и веќе извесно време е на терапија со цел да си го спаси животот.

Но, и покрај тоа Михајловиќ вечерва ќе си ја изврши обврската и ќе ги води своите фудбалери во обидот да се дојде до првите бодови на стартот од сезоната. Мечот Верона – Болоња кој ќе се игра на стадионот „Марк Антонио Бентегоди“ е закажан за 20:45 часот.

- Оглас -

Најнови вести