Поранешниот напаѓач, подоцна и спортски директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, е сигурен дека норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд еден ден ќе заигра за мадридскиот тим.
Халанд само пред еден месец го продолжи договорот со Манчестер сити до летото 2034 година, но Мијатовиќ ја коментираше ситуацијата на пазарот на играчи и истакна дека одличниот норвешки напаѓач би можело да дојде на „Бернабеу“ и покрај договорот што го потпиша со Сити.
„Може да игра за Реал и мислам дека тоа ќе се случи. Јавно не ја кажал таа желба, но од сигурен извор знам дека би сакал да биде играч на Реал Мадрид. Го знам тоа, но не ме прашувајте од каде знам. Ако му се укаже шанса да замине во Реал, ќе прифати без двоумење“, рече Мијатовиќ.