Легендата на Реал Мадрид, Црногорецот Предраг Мијатовиќ, во интервју за шпански медиум говорше за неговото пријателство со Хрватот Давор Шукер со кој играа заедно за Југославија, а потоа и во Реал, со кого во 1998 година ја освоија и титулата во Лигата на шампионите.
„Јас и Давор сме пријатели, никогаш не разговаравме за војната. Давор е ведра пријатна личност, тешко е да не се согласувате со него. Долго бевме цимери, а јас се шегувам со жена ми, па некогаш велам дека повеќе сум спиел во иста соба со Шукер, отколку со неа“, вели Мијатовиќ.