33.8 C
Skopje
среда, 13 август 2025

Микел Артета доби нова работа, но вети дека тоа нема да влијае на работата во Арсенал

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, во иднина ќе биде и директор за перформанси на брендот за спортска опрема „Ундер армор“. Задачата на Шпанецот ќе биде да учествува во развојот на производите, идентификација на таленти и зголемена застапеност на брендот во фудбалот.

Истовремено Артета ќе биде ментор и на младите спортисти кои ќе потпишат договор со „Андер армор“. Сепак, Шпанецот вети дека оваа улога нема да влијае на неговата работа во Арсенал и фокусот останува на Премиер лигата и првиот меч против Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести