Микел Артета ја „обвини“ топката за поразот од Њукасл

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, најде необично оправдување за изненадувачкиот пораз од Њукасл во првиот полуфинален натпревар од Карабао купот. Топчиите загубија на домашен терен со 0-2, што значително ја усложни нивната задача за реваншот на „Сент Џејмс парк“.

Шпанскиот стратег го обвини квалитетот на топката за поразот.

„Топката беше различна. Многу поразлична од таа со која се играат натпреварите во Премиер лигата. Мораше да се прилагодиме бидејќи таа лета на сосема различен начин. Исто така, отскокнува поинаку кога ќе ја допреш, па моравме да се навикнеме“, изјави Артета.

Реваншот меѓу Њукасл и Арсенал е закажан за 5 февруари, кога Топчиите ќе се обидат да ја надминат негативата од два гола.

- Оглас -

Најнови вести