Јувентус ќе биде домаќин на Милан во вечерниот термин од Серија А, во дербито на колото. Дуелите на овие италијански гиганти секогаш провлекувале посебно внимание, а во пресрет на мечот ви нудиме неколку интересни факти кои треба да ги знаете.
* Ова ќе биде 172 меч на овие два тима во Серија А. Јувентус има 67 победи, Милан се радувал на 51 меч, а 54 средби завршиле нерешено. Во Торино се одиграни 86 натпревари, каде Старата дама има 43 победи, 21 реми, а Росонерите се радувале 22 пати.
* Ниту еден клуб во Италија нема повеќе победи над Јувентус од Милан. Росонерите се радувале вкупно 51. Дека дерби дуелите се фајтерски покажува и фактот дека во последните 24 првенствени дуели, само еднаш било нерешено и тоа во февруари 2012 година.
* За прв пат во историја на Серија А, Милан има дури осум бода повеќе од Јувентус, а првенството да не е барем до 16 коло. Освен огромната предност на стартот од сезоната, Росонерите се во потера да стигнат до втора победа над Јувентус на гости во една календарска година, нешто што не им успеало од далечната 1968 година.
* Милан има низа од четири победи по ред на гостински терен и тоа без ниту еден примен гол. Серијата им започна токму со триуфмот над Јувентус во мај, кога славеа со 3:0. Росонерите никогаш во клупската историја немале пет победи по ред на гости без да примат погодок.
* Голманот на Милан, Мајк Мањан е најдобриот според процентот на одбранети удари по првите три кола. Тој има 90 отсто одбранети удари на шутевите кои оделе кон неговиот гол.