Милан ја совлада Модена со 5-0 во пријателски меч на кој сите пет гола паднаа во првото полувреме. Тренерот Пиоли треба да биде задоволен од изданието во првите 45 минути, бидејќи пет различни играчи постигнаа гола.
Серијата голови ја отвори Брахим Дијас, продолжија Леао, Томори и Круниќ, а ја заврши Тео Ернандес во 43-та минута. Потоа се правеа многу измени, се испробуваа варијанти, но резервите не беа ефикасни како стартерите.