Американската инвестициска компанија „Ред Брд капиталс партнерс“ е втор кандидат за да го купи италијанскиот гигант Милан и ќе му конкурира на „Инвесткорпс“, фирма со седиште во Бахреин, што исто така е заинтересирана да биде сопственик на Росонерите.
Интересно е што „Ред Брд“ е инвеститор во „Фенвеј спортс груп“, фирма што е сопственик на Ливерпул и на Бостон ред сокс во професионалната бејзбол лига на Америка.
Фенвеј спортс груп го има контролниот пакет на акции и во францускиот фудбалски клуб Тулуз, а сега сериозно конкурира и за сопственичка структура во Милан.
„Инвесткорп“ неодамна најави дека е заинтересиран за да го купи 18-кратниот италијански првак, па очигледно е дека Милан нема да има проблем да најде нов моќен сопственик.