Бодо/Глимт сега може да налета на Манчестер сити

Вечерва добивме уште четири учесници во осминафиналето на Лигата на шампионите за сезоната 2025/26, тоа се: Бодо/Глимт, Њукасл, Баер Леверкузен и Атлетико Мадрид.

Иако ждрепката сè уште не е одржана, веќе е познато со кои ривали би можеле да се соочат овие екипи. Важно е да се нагласи дека сите тимови што се пласираа вечерва се наоѓаат на десната страна од костурот и таму ќе останат и по ждрепката во петок.

Потенцијални двојки:

Њукасл – Барселона/Челзи

Атлетико Мадрид – Тотенхем/Ливерпул

Бодо/Глимт – Манчестер сити/Спортинг Л.

Баер Леверкузен – Арсенал/Баерн Минхен

Утре ќе бидат познати и преостанатите четири учесника во осминафиналето, а во петок напладне ќе ги дознаеме комплетните двојки и целиот костур до самото финале.

- Оглас -

Најнови вести