Милан едвај го победи тимот на поранешниот газда и ја прескокна Аталанта на табелата (Видео)

Фудбалерите на Милан многу потешко од очекувањата со 2:1 ја совладаа Специја во 13-то коло во Серија А и се искачија на второто место на табелата со 29 бода, два повеќе од Аталанта.

Росонерите славеа над тимот кој е во сопственост на Силвио Берлускони, кој во минатото беше газда токму на Милан, со голот на Оливие Жиру во 88 минута.

Росонерите поведоа со голот на Тео Ернандез во 21 минута, но во вториот дел доживеаја шок во 59-та минута кога Специја со голот на Даниеле Малдини, синот на легендата на Милан, Паоло, дојде до израмнување.

Од тој момент, Росонерите фрлија сè на една карта, на нападот, тренерот Стефано Пиоли во игра ги внесе Жиру, Ребиќ и Де Кетеларе, и ризикот му се исплатеше бидејќи Французинот на една минути до истекот на регуларниот дел постигна гол за триумф.

 

- Оглас -

Најнови вести