25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Милан го има рецептот за „страшниот“ Наполи, Реал сигурно чекори кон одбрана на трофејот (Видео)

Точно десет дена откако му даде четири гола среде Неапол, Милан вечерва повторно беше подобар од лидерот во Серија А кому му се насмевнува титулата, Наполи, овој пат со 1:0. Оваа победа има поголема тежина бидејќи е остварена во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.

Во второто четвртфинале, Реал Мадрид во реваншот во Лондон против Челзи ќе патува со предност од 2:0.

Наполи, кој беше ослабен поради неиграњето на напаѓачот Виктор Осимен, но затоа во првиот тим се најде македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, уште од првата минута тргна офанзивно и имаше шанса преку Хвича Кварацхелија да го отвори резултатот. Но, неговиот шут беше запрен од дефанзивците на Милан до самата гол-линија.

Наполи доминираше до средината на првиот дел, по што Милан ја направи првата голема шанса и ги сврте работите во своја корист. Шутот на Рафаел Леао заврши покрај голот на Мерет, затоа во 40-та минута Исмаел Бенасер на најдобар можен начин го круниса одличниот контранапад, го совлада Мерет.

Во второто полувреме, нападите на Наполи беа јалови, а по исклучувањето на Ангиса во 75-тата, стана јасно дека Росонерите ќе слават и во реваншот, кој ќе се игра идниот вторник, во Неапол ќе патува со предност од еден гол.

Европскиот шампион Реал Мадрид исто така ќе има предност во реваншот откако на „Сантијаго Бернабеу“ го совлада Челзи со 2:0. Резултатот го отвори Карим Бензема во 22-рата минута, а во второто полувреме работата на Кралевите им ја олесни Бен Чилвел, кој заработи црвен картон во 59-тата минута. Предноста од играч повеќе, Реал ја круниса со уште еден гол, преку Марко Асенсио во 74-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести