14.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Милан го копираше Наполи, ама само во почетниот удар!

Милан на вечерашниот меч против Салернитана најголемо внимание предизвика во првите секунди.

Прво затоа што првпат во клупската историја тргнаа без Италијанец во почетниот состав, а потоа поради начинот на кој беа поставен и Росонерите при почетниот удар. Милан реши од првата секунда да биде агресивен, осум негови фудбалери веднаш втрчаа во противничката половина, но тоа предизвика само коментари на социјалните мрежи.

Истото ова пред два дена го направи Наполи, па испадна дека на Стефани Пиоли му остана само да го копира својот колега Лучано Спалети.

- Оглас -

Најнови вести