Милан официјално го објави ангажманот на својот нов централен напаѓач, Сантијаго Хименес, кој пристигнува од Феенорд за трансфер вреден 32+3 милиони евра, плус процент од идна продажба.
Мексиканскиот репрезентативец потпиша договор до летото 2029 година со плата од околу 2,5 милиони евра по сезона, вклучувајќи бонуси. Дваесет и тригодишниот фудбалер ќе го носи дресот со број „7“, кој го наследува од Алваро Мората, кој се пресели во Галатасарај.
¡Órale, wey! AC Milan just got a bit more Mexican 🇲🇽 @Santigim11 #DNACMilan #SempreMilan
— AC Milan (@acmilan) February 3, 2025
Хименес имаше многу успешен период во Феенорд, кој го купи во летото 2022 година само за шест милиони евра од неговиот матичен клуб Крус Азул. Оттогаш фудбалерот роден во Буенос Аирес, кој поседува и италијански пасош, одигра вкупно 105 натпревари, постигнувајќи импресивни 65 гола и 14 асистенции.
Со Феенорд тој ги освои сите можни домашни трофеи: титулата во Ередивизие, Купот на Холандија и Суперкупот на земјата, кој го носи името на Јохан Кројф.
За репрезентацијата на Мексико, Хименес има 32 настапи со четири гола и две асистенции.
Во актуелната сезона тој постигна 16 гола на 19 натпревари за Феенорд.

