Водство, резултатска негатива и на крајот победа со луд пресврт во судиското продолжение за Милан на гостувањето кај Удинезе со 2-3. За „црвено-црните“ од Милано ова е победа после 39 месеци на гостински терен во Удине, ни и ја прекинаа позитивната низа на Удинезе од две победи по ред против Милан.
Резултатот го отвори Лофтус-Чик во 31-вата минута, но потоа следуваа два погодоци за Удинезе за водство од 2-1. Најпрво Самарџиќ во 42-рата минута израмни на 1-1 и го постави конечниот резултат после првото полувреме, а потоа во Тавин во 62-рата минута донесе водство за Удинезе.
Сепак, Милан не се предаде и во 83-тата минута израмни преку Јовиќ и најави неизвесен финиш на мечот.
Конечните 2-3 ги постави Окафор во 93-тата минута и донесе голема победа за Милан со која останува во трката со Интер и Јувентус за врвот на табелата во Серија А.