Милан и Аталанта одиграа за да си ги продолжат сериите без пораз

Милан и Аталанта продолжуваат да бидат единствените екипи во Серија А без пораз по враќањето на фудбалот во пандемијата на Коронавирусот. Во меѓусебниот меч кој вечерва се играше на „Сан Сиро“, Росонерите поведоа со голот на Калханоглу во 14 минута, но радоста кратко траеше.

Дуван Запата израмни за Аталанта во 34 минута, што на крајот се покажа и како конечен резултат. Гостите и порано можеа да дадат гол, но Малиновски промаши пенал во 26 минута, односно Донарума го одбрани неговиот удар. Во второто полувреме двата тима како повеќе да гледаа да не загубат и да ги продолжат убавите серии.

За Милан ова беше 11-ти дуел без пораз во низа (7 победи и 4 нерешени), додека Аталанта веќе 18 натпревари не знае за неуспех (14 победи и 4 реми). Росонерите се во трка за освојување на позиција која води во Лигата на Европа, додека Аталанта има сигурно место во ЛШ.

 

- Оглас -

Најнови вести