Милан и Атлетико ги делат 15 милиони евра од соработка

Седумкратниот европски првак Милан е во преговори со Атлетико Мадрид околу услугите на Анхел Кореа. Јорганџиите го проценуваат Аргентинецот на 55 милиони евра, додека последната понуда на Росонерите е помала за 15 милиони евра.

Гигантот од „Сан Сиро“ летово доведе петмина нови играчи за кои вкупно портоши 70 милиони евра, но сакаат да ги искористат последните денови од преодниот рок за да ангажираат уште едно квалитетно засилување со кое би биле поконкурентни во новата сезона и би се вратиле на старите победнички патеки.

Токму Кореа е последната желба на тренерот Марко Џампаоло, а во претстојниот период преговорите со Атлетико ќе продолжат со надеж дека на крајот сè ќе се заврши според нивниот план. Дваесет и четиригодишниот крилен офанзивец е член на Атлетико од 2015 година, а досега настапи вкупно на 188 меча во кои постигна 30 гола и 28 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести