Милан и Интер беа одлични само едно полувреме, со реми прекинаа долга серија од три години (Видео)

Со два гола за 360 секунди од 11-тата до 27-тата минута, Милан и Интер ремизираа 1:1 во големото Дерби Дела Мадонина вечерва на „Сан Сиро“.

Сè што се случи, а беше интересно беше од 11-тата до 27-мата минута, кога Хакан Чалханоглу најпрво со гол од пенал му донесе предност на Интер, а потоа Де Вреј со автогол донесе рамнотежа само 360 секунди подоцна.

Лаутаро Мартинес можеше да му донесе предност на Интер, но промаши пенал во 27-мата минута, оносно Татарашану одлично му го одбрани ударот од белата точка.

Потоа беше помирно и немаше голови до крајот на мечот, што заврши со мирољубив исход по 3 години, или цели 7 натпревари на кои имаше победник.

Со тоа е прекината бедна интересна серија во меѓусебните дуели на вечните ривали од Милано, кои ја продолжуваат трката за титулата.

Милан е на второто место со 32 бода, колку што има и лидерот Наполи, а Интер е трет со 25 бода.

- Оглас -

Најнови вести