Мартинес утна од белата точка и го потврди правилото дека пеналџија не се менува (Видео)

Милан и Интер играат одлично градско дерби и по првото полувреме е 1:1, иако Нераѕурите имаа два пенали, од кои искористија само еден и пропуштија шанса да водат со 2:1.

Лаутаро Мартинес го смени прецизниот пеналџија Хакан Чалханоглу, кој го погоди првиот пенал за Интер во 11-тата минута и не успеа да го совлада Татарашану, кој му фати жива топка и не дозволи големиот ривал да поведе со 2:1.

Ударот на Мартинес од белата точка во 27-мата минута и одбраната на Татарашану можете да ги погледнете ОВДЕ.

Претходно Чалханоглу лесно го надмудри голманот на Милан од првиот пенал за Интер во 11-тата минута и му донесе предност на својот тим од 1:0.

Милан израмни во 17-тата минута со автоголот на Де Вреј по слободниот удар што го изведе Тонали.

- Оглас -

Најнови вести