2.8 C
Skopje
недела, 28 декември 2025

Милан и ПСЖ ги испраќаат своите противници во втора лига?

1003 Челзи – Нотингам форест (16.00 часот)

Во минатото коло Челзи ја прекина црната серија без победа, а притоа Сините постигнаа три гола. И Форест одигра ефикасно и победи во минатото коло, па си ги зголеми шансите за опстанок во Премиер лигата. Двата тима имаат дадено по 34 гола сезонава, но одбраната на Нотингам е многу полоша од таа на Челзи. За нова година, на 1 јануари во Нотингам, резултатот беше 1-1. Шумарите од 1997 година немаат победа против Челзи. Челзи дома не победил уште од 4-ти март.

Предлог тип: 1Х & 3+ (2.13)

 

1005 Манчестер ј. – Вулверхемптон (16.00 часот)

Црвените ѓаволи само со победа над Волците ќе се ослободат малку од притисокот кој им го врши Ливерпул во трката за место во ЛШ. Јунајтед има два порази по ред, но двата порази беа на гости, тимот на Тен Хаг дома има одличен биланс. Ова се два тима кои ретко играат нерешено. Вулфс има обезбедено опстанок, на гости не победил два месеци, на домашните им се попотребни трите бода. Последните пет меѓусебни дуели на „Олд Трафорд“ им беа со 0-2 гола.

Предлог тип: 1 & 2+ второ (2.45)

 

3003 Специја – Милан (18.00 часот)

Милан психолошки е паднат после поразот од Интер во полуфиналето на ЛШ, а и против Специја ќе мора тренерот Пиоли да го комбинира составот, чувајќи дел од силите за реваншот со Интер во вторник. На Милан му е загрозено местото во европските купови за следната сезона. Специја е 18-та на табелата, има три порази по ред и ако повторно загуби, ќе биде блиску до испаѓање. Последните три меѓусебни дуели на овие тимови завршија со резултат 2-1, а традицијата вели и дека никогаш не било нерешено.

Предлог тип: 2 (2.03)

 

1807 Борусија Д. – Борусија М. (18.30 часот)

Дортмунд е тим со најмногу победи во Бундеслигата, и бројката на победи мора да ја зголеми денеска, во спротивно, ќе треба да се прости од трката за титулата. Во минатата сезона, Менхенгладбах беше разбиен на „Сигнал Идуна парк“ со 0-6, но мини реванш имаа есеноска кога го победија имењакот од Дортмунд со 4-2. Од последните пет меѓусебни дуели, на три паднаа по шест гола. Од 2014 наваму, секогаш кога овие тимови играат во Дортмунд, победува домашниот тим.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.76)

 

1703 ПСЖ – Ајачио (21.00 часот)

ПСЖ има комотни шест бода предност на четири кола до крај, и со триумф вечерва ќе дојде на чекор од нова титула во Франција. На Ајачио му нема спас, ќе испадне од елитата, па тука се знае кој е кој, и чудо би било домашните да не триумфираат. Кај ПСЖ се враќа Меси, кој можеби ќе биде исвиркан од фановите. Есеноска на Корзика беше 3-0 за Светците, со два гола на Мбапе и еден на Меси.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.80)

- Оглас -

Најнови вести